Искуство за веганство во бременост, кое го побара трудница во една од женските групи на социјалната мрежа „Фејсбук“, предизвика огромна и бурна дискусија. Искуствата што ги напишаа членките се изгубија во цела низа осуди и совети за тоа како треба бремената жена да размислува, а и што да прави, но не од експерти. Дали веганството и бременоста треба да одат заедно, ја прашавме Цветанка Петрова, инженер-технолог, нутриционист и магистранд на диететика во Изола, Словенија.