X
 29.04.2022 Живот

Целодневен концерт по повод Меѓународниот ден на џезот

Здружението на џез-музичари и слободни уметници, по повод Меѓународниот ден на џезот, кој се одбележува на 30 април,  организира целодневен концерт во паркот „Ибни Пајко“ во Скопје.

Концертот почнува во 14 часот, а ќе настапат Џоле Грујовски „Resonance“, Џон Илија Апелгрен и Гордан Спасовски, „SS Project“, „Off Ground Ensemble“, „CuckooRack aka Bopers“, Сашо Поповски и Тони Китановски.

Денот на џезот ќе се одбележи и во Битола, каде што тамошниот Младински културен центар најави концерт на Тони Китановски трио, односно Тони Китановски на гитара, Виктор Филиповски на тапани и Кирил Туфекчиевски на бас-гитара.

Концертот ќе се почне во 12:30 часот во кафе-барот „Порта џез“.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот