X
 15.03.2021 Живот

Најдобрите градови за велосипедисти во светот веројатно не се оние што мислите

Амстердам некогаш бил град со сообраќаен метеж како и секој друг голем град. Во 1995 г. бројот на велосипедисти почнал да го надминува бројот на возачи на автомобил. Копенхаген ја поминал оваа граница во 2016 година. Овие градови инвестирале стотици милиони евра за да ги направат улиците побезбедни и полесни за користење за велосипедистите. Биле воведени програми за споделување велосипеди и била изградена соодветна инфраструктура.

Во графикон објавен од „Попси“ се покажуваат главните фактори што им помогнале на градовите во транзицијата од автомобилски во градови за велосипедисти. Очигледно временските услови не се единствена причина зошто луѓето би одбрале да возат велосипед наместо автомобил. Истовремено, графиконот ги рангира и најдобрите градови за велосипедисти.


Фото: Popsci

На првото место се наоѓа Утрехт, Холандија, во кој безбедноста на велосипедистите е на високо ниво, а има и добра инфраструктура и временски услови што одговараат за возење велосипед.

Следуваат Минстер во Германија, Антверпен во Белгија, Копенхаген во Данска и Амстердам во Холандија.

Графиконот покажува и дека жителите во Антверпен најмногу користат велосипеди за споделување, а безбедноста на велосипедистите е најголема во Малме, Шведска. Најдобра инфраструктура за велосипедистите имаат Берн во Швајцарија и Бремен во Германија. Најмногу настани поврзани со возењето велосипеди, како денови на кои се забранети автомобилите, има во Антверпен и во Амстердам.

Извор: popsci.com
Фото: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот