Можеби мислите дека сте виделе с
è, но доколку го посетите каналот „Џаст ролд ин“ на „Јутјуб“, ќе се уверите во спротивното. Во ново видео објавено на каналот има компилација од неверојатни и помалку смешни грешки кои возачите ги направиле со своите автомобили.
Може да се види автомобил на кој не му било сменето маслото 45.000 километри, како и повеќе поправки од типот „направи сам“.
Највпечатливиот пример е од клиент кој стигнал до сервисот со дупната гума која се обидел сам да ја закрпи. За тој зафат, тој се послужил со леплива лента и шрафови. Не чуди тоа што поправката не била успешна.
Извор:
Autonet
Насловна фотографија: Youtube (printscreen)