Голем дел од фотографиите што се објавуваат на социјалните мрежи се селфиња. Група истражувачи се обиделе да истражат дали ваквите фотографии може да откријат нешто повеќе за карактерните особини на објавувачот.
Истражувачите стигнале до повеќе сознанија. Меѓу другото, било заклучено дека корисниците што често се согласувале со другите почесто правеле фотографии од долу. Било заклучено и дека корисниците што прават „дакфејс“ се невротични, додека корисниците што објавуваат позитивни селфиња се поотворени личности.
Освен тоа, според оцените на независни судии, корисниците што објавуваат емоционално позитивни фотографии погрешно се сметаат за екстровертни и лица кои се согласуваат со другите.
Впрочем, надворешните оценувачи точно го оцениле само степенот на отвореност на корисникот врз основа на фотографиите. Со други зборови, селфито не може точно да ги покаже повеќето карактерни особини на корисникот.
Извор:
Psychology today
Насловна фотографија: Pixabay