X
 29.05.2023 Живот

Песочно земјиште во Дубаи продадено за 1.300 евра за квадрат

На островот Џумеира кај Дубаи парче песочна земја од 24.500 квадратни метри е продадено за речиси 32 милиона евра. Ова е една од 128 парцели што беа понудени како недвижен имот на овој вештачки остров.

Малото копно среде море има облик на морско коњче, а тука се наоѓа и луксузниот хотел на италијанскиот бренд „Булгари“. На островот има и пристаништа за јахтите на најбогатите. Досегашниот сопственик на продаденото земјиште е британски претприемач. Во 2022 година неколку парцели им беа продадени на луѓе кои сакаат да градат приватни вили на островот.

- Островот Џумеира стана локација број еден на пазарот на недвижности и е достапен само за најбогатите луѓе. На островот и неговите плажи, сопственикот може да го изгради својот дом од соништата - изјави агентот за недвижности Андреј Кумингс.

Островот е популарна дестинација во овој дел од светот, каде што цените на недвижностите тројно се зголемија по вредност последниве неколку години.

Извор: МИА
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот