X
 04.12.2020 Живот

20.000 веслосипедисти на автопат - дел од предизвикот „Дубаи фитнес“

Дури и ако е 4 часот по полноќ, чудно е тоа што патот „Шеик Зајед“ е тивок. Сцената потсетува на тоа како овој автопат изгледаше во март, кога Дубаи го почна тринеделниот карантин за да го спречи ширењето на коронавирусот.

Но, ова сега не е карантин. Станува збор за настанот „Возење низ Дубаи“ што се случи на 20 ноември и овозможи несекојдневна глетка: празни автопати со цел да обезбедат простор за велосипедистите што учествуваа на настанот возејќи 14 километри. Настанот е дел од предизвикот „Дубаи фитнес“, годишна едномесечна иницијатива што беше лансирана во 2017 година, а ги охрабрува жителите да бидат физички активни по половина час секој ден.

Во текот на ноември Дубаи беше домаќин на дневни виртуелни тренинзи и настани - од јога-сесии до возење велосипед, пливање и трчање. Оваа година речиси секој настан се одвиваше на отворено, со почитување на мерките за физичко дистанцирање.

Меѓу велосипедистите беше и Шаика ал Шаиба, која патувала од Бахреин за да учествува на настанот, на кој имало над 20.000 велосипедисти. Градот ги отвори вратите за меѓународните патници во јули и бараше од посетителите да имаат негативен тест за Ковид-19 пред поаѓањето.

На Ал Шаиба ѝ била ампутирана раката на 18-месечна возраст откако ѝ бил дијагностициран рак. Таа била дел од многу предизвици за фитнес и издржливост. Вели дека ѝ недостигаат ваквите настани во текот на пандемијава.



Извор: CNN
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот