Со доволно пари можно е да се направи речиси сè во Дубаи. А сега можете да додадете уште едно место за посета на вашата листа: посета на Месечината или барем да резервирате луксузна соба таму.
Оваа недела канадската архитектонска компанија „Мун ворлд ризортс“ ги објави плановите за изградба на одморалиште вредно 5 милијарди долари што личи на природниот сателит на Земјата.
Проектот треба да им помогне на посетителите што немаат врски со Џеф Безос или со Илон Маск да доживеат вселенски туризам. Областа околу површината на одморалиштето, наречена „Месечева колонија“, е дизајнирана да предизвика чувство дека гостите се наоѓаат (или барем многу блиску) на површината на Месечината.
Покрај тоа, посетителите ќе можат да резервираат една од 300. приватни бутик-резиденции, познати како небесни вили, кои ќе бидат сместени во главната зграда чиј облик ќе биде во форма на диск. Со купување вила, клиентот ќе има пристап до приватниот клуб на членови на имотот.
- „Мун Дубаи“ значително ќе влијае врз секој аспект од економијата на ОАЕ, вклучувајќи туризам, транспорт, комерцијални и станбени недвижности, инфраструктура, финансиски услуги, авијација и вселена, енергија, земјоделство, технологија и образование - велат коосновачите Сандра Г. Метјус и Мајкл Р. Хендерсон.
Фото: Moon World Resorts Inc.
- Ќе биде најголемиот и најуспешен современ туристички проект во регионот (Средниот Исток и Северна Африка), удвојувајќи ги годишните туристички посети на Дубаи врз основа на неговата глобална привлечност, свесноста за брендот и уникатните повеќекратни интегрирани понуди - додаваат тие.
Гостите ќе можат да ги искористат предностите на ноќниот клуб кој ќе биде во самиот објект, центарот за настани, јавен салон, спа-центар, па дури и внатрешен „шатл“ што ве води низ имотот. Исто така, постојат планови структурата да служи како центар за вселенските агенции и нејзините астронаути кои ги планираат нивните идни мисии во вселената.
Целокупната конструкција е планирано да се гради во текот на две години и ќе биде над 224 метри во височина по завршувањето. Кога проектот ќе заврши, се очекува удобно да прими најмалку 2,5 милиона посетители.
Подготвени сте да одите на Месечината за вашиот следен одмор?
Извор:
Robbreport.com
Фото:Moon World Resorts Inc.