Месечината и ѕвездите секогаш се на небото, но сите знаеме дека не можеме секогаш да ги видиме. Но, понекогаш во текот на денот можеме да ги видиме Сонцето и Месечината истовремено.
Месечината не сјае поради сопствената светлина, туку затоа што сончевите зраци се рефлектираат од нејзината површина.
- Сончевата светлина е толку силна во текот на денот, што некако ја намалува светлината на Месечината и на ѕвездите - објаснува астрофизичарот Чејен Полиус.
Кога Месечината е млада, таа се наоѓа помеѓу Сонцето и Земјата, а страната на Месечината што е осветлена од Сонцето е свртена подалеку од нашата планета. Ова значи дека Месечината сè уште е горе, но не можеме да ја видиме во текот на денот бидејќи целата сончева светлина се одбива од нас.
Може да ви помогне ако го замислите Сонцето како голема светилка, а Месечината како огледало. Под некои агли не можеме да ја видиме светилката, но можеме да ја видиме светлината благодарение на огледалото што ја рефлектира. Ова се случува кога ќе ја видиме Месечината навечер. Не можеме директно да го видиме Сонцето, бидејќи Земјата ни го блокира погледот кон него, но светлината се рефлектира од Месечината. Постојат ситуации во кои можеме да ги видиме и светилката и огледалото, а токму тоа се случува кога ќе ја видиме Месечината во текот на денот.
Како што Месечината ја продолжува својата орбита околу Земјата, подалеку од Сонцето, сѐ повеќе е видлива нејзината осветлена површина. Ова е причината што понекогаш ја гледаме Месечината како полумесечина или светла половина. Колку е подалеку Месечината од Сонцето и е видлива над хоризонтот, толку е полесно да се забележи во текот на денот.
Месечината најлесно се гледа во текот на денот кога е во првата и во последната четвртина (90 степени оддалечена од Сонцето).
Фото: Freepik