Истражувачите од Универзитетот во Абердин развиле нова роботска рака која може да им помогне на луѓето да закрепнат по мозочен удар.
Уредот е развиен од докторандот Џејмс Грејг. Според него, роботската рака може да им помогне на пациентите да вршат физиотерапија дома, покрај постојната асистирана физиотерапија.
Грејг забележал недостиг на опции за пристап до физиотерапија и ја увидел потребата да се развие технологија што може безбедно да се користи дома.
Роботската рака е лесен уред кој користи флексибилен материјал што може да се надувува за да ја поддржи раката додека ги прави основните повторувачки движења, кои се клучни за рехабилитација по мозочен удар.
Друга клучна предност на уредот е тоа што е достапен во заедницата. Може да го користи секој што има потреба, без помош од стручно лице, бидејќи е лесен за употреба. Рехабилитацијата по мозочен удар зависи од подвижноста на екстремитетите.
Роботската направа се носи на рамото и раката, а функционира така што има мал компресор кој пумпа воздух во низа ленти кои се надувуваат, се притискаат една на друга и го стимулираат движењето на екстремитетите, нешто слично на свиткување на бицепс.
Иако првично бил развиен за да им помогне на пациентите со мозочен удар, овој уред може да го користи секој што е подложен на физиотерапија за ова специфично движење на раката.
Овие иновации се дел од релативно новото поле на мека роботика, кое се разликува од крутите роботи кои се вообичаени денес. Истражувачите, исто така, пристапиле до група физиотерапевти, кои дале охрабрувачки повратни информации за уредот.
Извор: klix.ba
Фото: AberdeenLive.news/screenshot