X
 19.05.2015 Здравје

Едноставен тест за проверка на здравјето на мозокот

Научниците сметаат дека може да откриеме дали нашиот мозок е здрав со едноставен тест. Поточно, со еден тест може да дознаеме колкави се нашите шанси за добивање мозочен удар.

Истражувачи од Универзитетот во Токио работеле со повеќе од 1.300 луѓе со просечна возраст од 67 години. Научниците побарале од испитаниците да стојат на една нога со отворени очи.

Било заклучено дека лицата кои потешко одржувале рамнотежа во траење од 20 секунди или подолго (приближно една третина од испитаниците) имале најлоши резултати на тестот за когнитивна функција. Помеѓу нив имало и зголемено присуство на болести на церебралните мали крвни садови, што се поврзува со зголемениот ризик од мозочен удар.

Водичот на истражувањето, Јасухару Табара, порачува:

- Со стоењето на една нога може едноставно да ја измерите постуралната нестабилност, која може да биде последица од присуство на абнормалности во мозокот.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје