X
 29.06.2019 Забава

Фотографии што му даваат нова смисла на одењето на плажа

Плажите се можеби последното место на кое можете да забележите некои смешни ситуации бидејќи луѓето или се одмораат, или пливаат, или играат некоја игра. Што несекојдневно би можело да се случи?

Сепак, колку и да звучи неверојатно, хуморот и креативноста на луѓето доаѓаат и до бреговите, а овие фотографии се доказ за тоа.

Неудобните лежалки и пешкири се минато бидејќи овој човек живее во 2058 година. Наместо дворец од песок, тој си направил кауч и потоа уживал како вистински цар.

Фото: Noizz

Како да ги спречите луѓето да уринираат на места што не се предвидени за тоа? Едноставно предупредете ги дека ќе завршат на „Јутјуб“ доколку го направат тоа.

Фото: Noizz

Сите имаме големи пешкири за на плажа, но оваа екипа е победник. Како ли го перат?

Фото: Noizz

Сите момчиња што се во врска ја споделуваат истата судбина кога се на патување со девојките. Ама, што да прават?

Фото: Noizz

Вложувањето труд и време во создавањето на совршената фотографија некогаш може да заврши и со сцена во која галебот го краде предметот на фотографијата. Па вие пак местете ја крофната половина час за да ја фотографирате.

Фото: Noizz
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава