X
 29.06.2021 Живот

Од задутре нема да плаќаме роаминг во 5 држави

Од први јули жителите на Македонија ќе можат слободно да телефонираат во Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора. Имено, оттогаш се укинува роамингот откако во април 2019 година владите на шесте држави потпишаа спогодба со која се согласија прво постепено да ги намалат цените на роамингот, а потоа тие да бидат укинати.

-Неколку дена нѐ делат од регион без роаминг. Владите на сите шест држави од Западен Балкан односно Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора во април 2019 година потпишаа спогодба со која се согласија, прво постепено да ги намалат цените на роамингот, за потоа, тие да бидат укинати од 1 јули 2021 година и од 1 јули подготвени да започнат интензивно да работат на 0 тарифи за роаминг помеѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ - соопштија од Владата.

Насловна фотографија: Unsplash

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот