Јапонскиот град Јамато усвои нов невообичаен закон - на пешаците не им е дозволено да ги користат смартфоните додека шетаат.
Градот, кој всушност е предградие на Токио, ги третира смартфоните како опасност за јавното здравје. И иако претворањето во закон звучи како нешто бизарно, забраната наводно е популарна меѓу 240 илјади жители на Јамато.
Сега, додека патниците пристигнуваат на железничката станица,
снимена порака предупредува дека не е дозволено користење смартфони додека се шета по тротоарите или парковите.
- Користењето смартфони додека одите е забрането. Ве молиме работете на вашите смартфони откако ќе застанете - порачува снимката.
Но, засега тоа е тоа - нема казна за твитањето во од,
освен можеби лутината на оние околу вас.
Жителите на Јамато претежно се согласуваат дека одењето додека сте залепени за телефонот е опасно, но не се сите сигурни дека треба да има закон за да се обрне внимание на опасноста.
Извор:
Futurism
Насловна фотографија: Pixabay