X
 29.06.2022 Живот

Мексикански планински пат на кој возачите возат и во погрешната лента

Возењето по тесни кривини на планинските патишта е многу комплицирано, но возењето од спротивната страна на патот го прави уште позбунувачко.

Кумбрес де Акулзинг е мексиканска област позната по своите комплицирани делови кои минуваат низ кривулести патишта, па на возачите на камиони им е многу тешко да возат по тесните кривини.

Бидејќи големите возила не можеа да се спуштат низ некои од овие кривини без да ја поминат спротивната лента, на некој му текнало да ја смени лентата на овие делови.

Така, додека возите низ оваа област, постојано мора да внимавате на ознаките на патиштата и да возите на погрешна страна кога тоа ќе биде побарано од вас.

Промените на лентата обично се совпаѓаат со најтесните кривини, што го олеснува свртувањето на тешките возила, а, според некои извори, овој бизарен метод всушност довел до намалување на несреќите на овој пат.

Иако на прв поглед е збунувачки, овој систем функционира како што е замислено, но имајќи на ум дека е најдобро да се справите со планинските кривини на Акулзинг во текот на денот, во моменти кога маглата не е проблем.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот