Сите патници чија цел е да се поврзат со природата и да се ослободат од секојдневниот стрес, дефинитивно треба да го проверат концептот за одмор во природа на „Ателје аркитекчр & дизајн“ лоциран во ридскиот езерски регион северно од фјордот Драменс во Норвешка.
Спектакуларни пејзажи
Локацијата се наоѓа во прекрасен, недопрен пејзаж од дрвја, езера и нерамен терен, со отворен поглед. Пристапот оди преку тесна клисура и бара преминување на реката, во зависност од нивото на водата.
Мирниот езерски амбиент, обложен со високи борови, го надополнува драматичниот пристап. Маглата, поларната светлина и заоблените форми на теренот се силни карактеристики на овој пејзаж.
Назад кон природата
Единиците за изнајмување се оддалечени и обезбедуваат искуство за враќање во природата користејќи одржливи материјали и технологии. Внатрешните простори и нивниот однос со околината се дизајнирани да смируваат, овозможувајќи им на корисниците да се релаксираат, обноват и ревитализираат без да се загрозат руралниот идентитет и природниот свет.
Уникатен облик на кабината
Едноставната форма на кабината ги отсликува околните врвови и облиците на зимзелената шума покрај езерото. Архитектурата ја слави намерата да ја обедини градбата со природните карактеристики на местото. Положбата на сите кабини е насочена надолу кон езерото, следејќи ги контурите на шумата и езерскиот брег.
Свесност за природата
„Норск ритрит“ има за цел да ја разбуди свеста која е изгубена преку индустријализацијата, овозможувајќи повторно поврзување со себеси и околината со чувство на смиреност, цел и возбуда.
Извор:
Avaz.ba
Фото: Atelier Architecture & Design