X
 07.07.2015 Технологија

Јапонија поставува тоалети во лифтовите

Се наоѓате во лифт. Чувствувате земјотрес. Страшно е. Снемува струја и заробени сте во лифтот. Којзнае колку ќе останете внатре... Јапонија ги има на ум овие ситуации, поради што поставува тоалети за итни случаи во лифтовите.


Министерот за инфраструктура на Јапонија заедно со компаниите од индустријата имаат план да постават преносни тоалети во сите лифтови, како и дополнителни залихи вода.

Зошто ненадејниот интерес за итни мерки во лифтовите?

Изминатата сабота, земјотрес со јачина од 8,1 степени го сопре функционирањето на 19.000 јапонски лифтови. Секоја мисија за спасување траела повеќе од еден час. За земја која речиси претставува синоним за земјотреси, ова претставува голем проблем.

Минатонеделниот земјотрес имаше епицентар на речиси илјада километри од Токио, но потресот бил почувствуван низ целата земја.

Асоцијацијата за лифтови во Јапонија информира дека само во Токио има повеќе од 150.000 лифтови (за споредба, во Њујорк има 58.000). Научниците претпоставуваат дека следниот земјотрес кој силно ќе ја погоди Јапонија може да зароби десетици илјадници луѓе.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија