Леонардо Да Винчи секогаш со себе носел тетратка во која цртал скици и правел секакви белешки. Тој сакал да знае се' и константно учел. Тоа се гледа од неговата тетратка, чиј дел изгледа токму вака.
Пресметување на мерките на Милано и околината.
Најди книга за Милано и неговите цркви.
Мерење на Corte Vecchio( дворот на палатата на војводата)
Мерење на Castello (самата палата на војводата)
Најди мајстор во аритметика да ти покаже како да квадрираш тријаголник
Најди го Месеа Фацио (професор по медицина и право) да ти покаже за пропорција.
Најцртај го Милано
Прашај го Маестро Антонио дали малтерите на бедемите се ставени дење или ноќе.
Најди мајстор во хидраулика и нека ти каже како да поправиш часовник, канал и мелница.
Прашај за мерките на сонцето, ветено ми е од страна на Маестро Џовани Франчезе
Обиди се да го најдеш Витолон (средновековен автор на текст за оптика), што се наоѓа во библиотеката на Павија, што се занимава со математика.