X
 29.07.2019 Живот

Ново македонско пиво со 100% јачменов слад - Златен Даб Classic

29.07.2019. По повод 95 години од започнувањето со работа, Прилепска Пиварница го лансираше својот најнов бренд Златен Даб Classic, оригинално македонско пиво со 100% јачменов слад. Златен Даб Classic е продолжување на стратегијата за развој на нови производи со кои Прилепска Пиварница планира да се претстави пред своите консументи во земјата, како и на странските пазари.



Златен Даб Classic е производ на искуството на врвните пиварски мајстори кои успеале да создадат нов, автентичен вкус, произведен по најсовремена технологија, во строго контролирани услови. Новата атрактивна амбалажа има дизајн кој одговора на светските пиварски трендови и го прави Златен Даб Classic модерно пиво, направено по стари традиционални рецепти. Оригиналниот вкус кој е карактеристичен за сите светски пива со 100% јачменов слад сега е достапен за вистинските љубители на пивото.



Во следниот период Златен Даб Classic во сите поголеми маркети и угостителски објекти, со цел вистинските љубители да се запознаат и да уживаат во автентичниот вкус на новото пиво.

Одличен начин за да се прослави јубилејот на една од најстарите пиварници во нашата земја и уште еднаш да се потврди дека Прилепска Пиварница е компанија која постојано инвестира во нови технологии, нови производи и нови изненадувања за своите фанови.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот