X
 10.01.2017 Живот

Во оваа земја поради пиво во рака може да завршите две години во затвор

Една група на конзервативни муслимански политичари бараат целосна забрана за производство, дистрибуција и консумирање на алкохолни пијалоци во Индонезија. Муслиманските партии завземаат една третина од парламентот, но не е исклучено таа идеја да може да ја подржат некои конзервативни партии.

Индонезија е во војна против алкохолот од 2015 година, кога се забрани продажбата на пиво во помалите продавници. Нивниот изговор беше дека на тој начин сакаат да ја запрат експанзијата на алкохолните пијалоци, која често беше катастрофална за граѓаните.

Индонезија има стекнато репутација како една од либералните муслимански земји, а некои аналитичари се повеќе изразуваат загриженост поради растот на фундаментализмот. Еден пример е покраината Ацех каде за разлика од остатокот од земјата, уште се применува шеријатскиот закон. Таму алкохолот е одамна забранет, а на неделна основа од тие краеви стигнуваат вести за јавно тепање.

Инаку, муслиманските партии предлагаат консумирањето на алкохол да се казнува со две години затвор. Овој потенцијален закон за локалниот туризам би бил шокантен, особено за Бали.
Save
Подготвил: Светлана Петковска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот