X
 28.06.2016 Живот

Maшина која ќе ви овозможи да направите пиво во вашиот дом

Една австралиска компанија лансира еден вид на автомат за правење пиво, кој ви овозможува самите да го направите вашиот омилен пијалок.

 

пиво


„BrewArt“ е проект на пиварата „Coopers“, а станува збор за автомат сличен како оној за еспресо кафе, кој го создале Скот Херис и Пол Бурџ, вработени во компанијата.

Идејата ја добиле пред осум години, кога нагло пораснала популарноста на уникатните пива од микропиварите.

„Сакавме луѓето да пијат помалку, но поквалитетно. Направивме истражување и заклучивме дека треба да овозможиме луѓето да прават пиво и притоа да се забавуваат“, велат творците.

Автоматот се состои од две единици: „BeerDroid“, кој може да направи 10 литри пиво, а има капацитет да наточи 5 литри и има посебна терморегулација наречена „BrewFlo“. Поврзан се со безжичен интернет, што значи дека преку мобилен телефон можете да го надгледувате процесот на ферментација и кога не сте дома.

Апликацијата ќе ве извести кога пивото е готово, а уредот ќе започне да го лади, ако не сте спремни веднаш да го пиете. Со машината може да се купат и систе состојки потребни за правење пиво, како и пакет кој ќе ви овозможи да направите реплика од вашето омилено пиво.

„BrewArt“ најпрво ќе се продава во Австралија од средината на јули по цена од 799 австралиски долари за „BeerDroid“ и 699 долари за „BrewFlo“. После тоа треба да се појави во Америка и Велика Британија.

 

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот