X
 04.06.2020 Живот

Емотивна порака од Морган Фриман за светот кој се соочува со пандемија

Секогаш можеме да сметаме на Морган Фриман и неговиот глас на мудрост. Легендарниот актер, чии инспиративни зборови и мудри изреки им послужија како водечка сила на многумина, сподели моќна порака на социјалните медиуми заблагодарувајќи им се на луѓето што покажаа огромна храброст и ги ризикуваа своите животи за да ги спасат животите на другите, среде пандемијата на коронавирусот.

На својот твитер-профил актерот Морган Фриман неодамна сподели емотивно видео за тоа што се случува во светот денес, откако многу негови обожаватели побараа од него да го сподели своето мислење за пандемијата.

- Светот минува низ еден од најтешките периоди што досега сум ги видел. Се плашиме за нашите животи, луѓето се плашат за своите финансии и работите да бидат полоши - сето ова го поминуваме во изолација. Оддалеченоста од нашите најблиски е неверојатно тешка - вели Фриман.

Но, тој сака луѓето да не ја изгубат надежта и да го прифатат секој акт на љубезност околу нив.

- Мојот пријател Нелсон Мандела еднаш рече: „Она што е важно во животот не е фактот дека сме го живееле, туку каква разлика сме направиле во животот на другите“. Дури и во ова време на криза луѓето се издигнуваат и нудат помош. Во ова време на нестабилност и страв, запомнете да го негувате доброто што го гледате околу вас. Социјалното дистанцирање не нè спречува да бидеме во ова заедно. Како што работиме да најдеме нова нормала, да си помогнеме едни на други за да останеме силни и полни со надеж. Тоа е најмоќниот начин да се направи разлика во животот на другите - вели Фриман.



Извор: News18.com
Фото: Instagram
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот