Уште од рана возраст слушаме приказни за Индијанците кои се граничат со бајките. Иако точното потекло на оваа приказна не е познато, бидејќи се пренесувала од генерација на генерација, најчесто се припишува на стар Индијанец од племето Чироки.
Чироки се Индијанци од Северна Америка, од големата група Ирокези. Прво се населиле во областа на Големите Езера, од каде што, по поразот во конфликт со други индијански племиња, се преселиле во областа Источен Тенеси и Западна Каролина.
Во една пригода стариот Индијанец му кажа на својот внук животна мудрост:
- Во секој човек се води битка, како борба меѓу два волка.
Едниот волк го претставува злото: претставува гнев, завист, љубомора, жалење, алчност, ароганција, самосожалување, вина, грев, инфериорност, лаги, лажна гордост, егоизам...
Вториот волк го претставува доброто: го претставува она што обезбедува задоволство, мир, љубов, надеж, спокојство, смирение, љубезност, добронамерност, срдечност, великодушност, вистина, сочувство и вера.
Малиот Индијанец размислувал неколку мига. Внимателно ги насочил сите мисли во длабочините на зборовите на неговиот дедо и го прашал: - Кој волк победил на крајот?
Стариот Чироки одговорил со насмевка на старото лице: - Оној што го храниш - секогаш победува.
Фото: Freepik