Со толку примери и водичи кои се достапни на интернет, новите дипломци кои се конкурираат на огласите за вработување остануваат збунети кога треба да го состават своето резиме. Нашиот краток и едноставен водич изгледа вака:
Само една страница
Реалноста е дека работодавците нема да го прочитаат целото резиме. Тие поминуваат низ него за помалку од една минута. Затоа, подобро е тоа да биде помало.
Наведете повеќе работни позиции и искуства
Доколку имате повеќе работни искуства, наведете ги, наместо да се фокусирате само на едно.
Користете добар шаблон
Доколку не сте експерт во дизајн, обидете се да пронајдете готов шаблон на интернет и пополнете го.
Кратки реченици
Користете точки или броеви за набројување и кратки реченици. Резимето не смее да има текстови и параграфи. Една реченица треба да има еден ред.
Дела наместо зборови
Не се фокусирајте на положбите на кои сте биле, туку на работите кои сте ги постигнале во тој работен период. Подобро е да напишете дека сте помогнале да се зголеми профитот за 20% отколку дека сте биле помошник на менаџерот.
Без неповрзани искуства
Важно е работодавецот да види дека не сте мрзеливи, но непотребните искуства кои немаат никаква врска со работата за која аплицирате не треба да се најдат во резимето.