X
 04.05.2020 Култура

Јосип Броз Тито: Братство и единство може да постои само меѓу оние што се навистина рамноправни

Јосип Броз Тито беше југословенски комунист и доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Тито бил генерален секретар, а подоцна и претседател на Комунистичката партија на Југославија од 1939 до 1980 и ја предводел Југославија во Втората светска војна. На чело на партизанското ослободително движење бил од 1941 до 1945 година. По војната бил премиер на Југославија, а подоцна и претседател на државата. Од 1943 до неговата смрт бил одликуван за единствен Маршал на Југославија и врховен командант на Југословенската народна армија.

Тито починал во Љубљана, на 4 мај 1980 година. Тој е погребан во мавзолеј во Белград, наречен Куќа на цвеќето. И ден-денес многу луѓе го посетуваат ова место како храм на подобрите времиња.

Во спомен на човекот кој сѐ уште им е идол на многу луѓе, ви пренесуваме неколку негови мисли.

- Уживам кога во убав сончев ден можам да прошетам низ полињата, шумите, покрај реките, кога можам непосредно да го согледам интимниот живот на природата околу себе. Природата треба да се сака, а дивечот е нејзин составен дел; тој ги оживува нашите шуми и полиња и затоа треба да го чуваме. Јас многу често не пукам и сметам дека во лов не треба да се оди и да се стреми само кон рекорди бидејќи целосното ловечко задоволство не е во тоа, туку баш во самиот престој во природа, во набљудувањето, размислувањето, одморот.

- Ние мораме во Југославија да покажеме дека не може да има малцинства и мнозинства. Социјализмот ги отфрла малцинството и мнозинството. Тој бара рамноправност меѓу малцинството и мнозинството, а тогаш нема ни мнозинство ни малцинство, туку има еден народ, производител, работник, социјалистички човек.

- Работничката класа е столбот на нашата социјалистичка држава, работничката класа од сите националности и во сите републики има исти гледишта и исти интереси и таа е цементот кој ја зацврстува и засилува нашата социјалистичка заедница.

- Ние проливме море крв за братство и единство на нашите народи. Е нема никому да му дозволиме да нѐ задира или да ровари однатре, да се руши тоа братство и единство.

- Кај нас човекот е сѐ. Нашата главна цел е што поскоро и што похумано да се создаде подобар живот за луѓето, поединците и целата заедница. Ние настојуваме и под најтешките околности на правилен начин да се грижиме за човекот, поради кого и се остварува социјализмот.

- Слободата на човекот не е само во неговото право слободно да ги изразува своите мислења и стремежи, туку пред сѐ во правото и можностите човекот суверено да одлучува за сите прашања од својот живот.

- Нашето богатство не се само фабриките и патиштата. Нашето богатство е човекот, нов човек, социјалистички човек кој треба да се изгради.

- Не треба секогаш да се гледа само масата, туку треба да се види секој поединец, треба да се видат, почувствуваат, да ги разберам тешкотиите со кои се бори поединецот, треба да се настојува да му се помогне и мора да му се помогне.

- На тие работни акции нашата младина се воспитуваше во социјалистички дух, во дух на колективна работа и живот, во дух на бришење на границите меѓу физичката и умствената работа, подигнувајќи ја физичката работа на степен на човечко достоинство.

- Младината има задача да ги отстранува оние елементи што го загрозуваат братството и единството на нашите народи, односно да се бори против шовинизмот. Таа има задача да ги чува придобивките од нашата борба, темелите на братството и единството поставени во војната.

- Да работиме како мирот да ќе трае сто години, а да се подготвуваме како утре да ќе има војна.

- Братство и единство може да постои само меѓу оние што се навистина рамноправни.

Извор: Wikiquote

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура