Преубавите цртани филмови од „Дизни“ со години ги забавуваат децата со приказни што ги разнежуваат срцата и носат важни животни лекции.
Но, како што растеме, така станува сè полесно да ги заборавиме мудрите пораки од овие безвремени приказни.
„Вистинскиот херој не се познава по силата на мускулите, туку по силата на срцето“ - „Херкулес“.
„Ако веруваш во своите соништа, ништо не е невозможно“ - „Пинокио“.
„Не е важно она што е надворешно, важно е она што е внатре“ - „Аладин“.
„Запомни, ти си оној што може да го исполни светот со светлина“ - „Снежана и седумте џуџиња“.
„Минатото може да повреди, но од него можеш или да бегаш или да научиш нешто“ - „Кралот лав“.
„Понекогаш вистинскиот пат не е најлесниот“ - „Покахонтас“.
„Дури и за чудата е потребно време“ - „Пепелашка“.
„Цветот што цвета во тешки услови е најредок и најубав од сите“ - „Мулан“.
„Похрабар си отколку што веруваш, посилен отколку што изгледаш и попаметен отколку што мислиш“ - „Вини Пу“.
„Не дозволувај никој да ти каже колку далеку можеш да стигнеш“ - „Моана“.
„Секој човек има светлина во себе, само треба да ја пронајде“ - „Херкулес“.
„Секој може да го промени својот свет ако верува во себе“ - „Рататуи“.
„Не треба да бидеш совршен за да бидеш херој“ - „Мулан“.
„Понекогаш најголемата авантура е да се пронајдеш себеси“ - „Моана“.
„Среќата се наоѓа во малите нешта“ - „Вини Пу“.
„Храброста не значи да не се плашиш, туку да продолжиш и покрај стравот“ - „Кралот лав“.
Извор:
Buzzfeed.com
Фото: Magnific