X
 29.08.2021 Живот

Живот без разлики и без алчност - што можеме да научиме од изолираните племиња?

Антрополог во интервју за Би-би-си изјави дека луѓето грешат кога велат дека животот во сите племиња е лош, брутален и краток.

Всушност, експертите велат дека можеме многу да научиме од изолираните племиња.

Племенските општества ја ставаат заедницата пред поединецот, споделувајќи и разменувајќи имот меѓу себе наместо да акумулираат лично богатство.

Меѓу поинтересни се племињата на ловци-собирачи кои поминуваат многу помалку време во работа. Луѓето Куиба од Колумбија и Венецуела работат само 15-20 часа неделно, но затоа тие поминуваат многу време лежејќи во нивните импровизирани лежалки, толку големи што целото семејство може да го собере во нив.

Мирот доаѓа со отфрлање на концептите за сопственост, конкуренција, суета и алчност, е ставот на народот Пиаро во Венецуела. Тие се откажуваат од насилство, гледаат еднакво на мажите и жените и никогаш физички не ги казнуваат децата. Никој не се занимава со спорт, никој не е сопственик на земјиштето, никој не може да му нареди на некој друг да работи и се охрабруваат да учат од другите. Секоја жена сама одлучува за породување и е единствено одговорна за тоа. Заедницата нема законско право на нејзиното потомство, како и нејзиниот сопруг, во случај на развод.

Дека е можно да се живее во апсолутна еднаквост, ни потврдуваат и луѓето од Хајани во Танзанија, кои високо ја ценат еднаквоста. За нив е морална обврска да го дадат она што го имаат без да очекуваат ништо за возврат. Тие веруваат дека ако имате повеќе личен имот отколку што ви треба, треба да го споделите со вашите луѓе.

Племенските народи имаат посебен однос со животните. Така, жителите на Централна Африка имаат повеќе од 15 различни збора за слон, во зависност од возраста, полот и темпераментот на животното, и веруваат дека нивните предци живееле со животни во шумата.

Кога ќе се роди дете во племето Оранг Римба од Индонезија, папочната врвца се засадува под дрво, така што детето има света врска со дрвото во текот на неговиот живот. За Оранг Римба, сечењето на „родното дрво“ е еднакво на убиство.

pleme
Фото: Wikipedia

Моногамијата не е универзална особина на човекот. Луѓето Зои во Амазон се полигамни, што значи дека и мажите и жените можат да имаат повеќе партнери. Во општеството сите се еднакви и немаат водач.

Не сите ги сметаат женските гради за непристојни, така што жените од народот Ембер во Колумбија можат да излезат топлес, но секогаш мора да ги покриваат колковите.

Племето Јаномами, кое живее во дождовните шуми во Северен Бразил и Јужна Венецуела, може да ни помогне подобро да ги разбереме нашите тела. Истражување од 2015 година, кое го проучува овој народ, ја открило најразновидната група бактерии најдени кај човекот, а меѓу нив имало и такви што никогаш порано не биле видени кај луѓето, тврдат научниците. Тие забележуваат дека ова покажува како модерниот живот, антибиотиците и хигиената можат да го намалат спектарот на бактерии во нашите тела.

Жителите на Водабе во Северен Нигер секоја година одржуваат натпревар посветен на машката убавина. Младите мажи се шминкаат, носат накит, ја облекуваат својата најдобра облека и се редат за да се натпреваруваат за наклонетоста на жените. Се разбира, и жените се грижат за својот изглед, но тоа е прилично малку во споредба со времето што мажите го трошат во нивните рутини за дотерување.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот