Глобалното затоплување предизвикува сѐ повеќе природни катастрофи што создаваат огромна штета и доведуваат до загуба на човечки животи.
Група инженери од Универзитетот „Монаш“ во Австралија создале софтвер наречен „Гео екс-пи-ем“ (GeoXPM) кој може да предвиди каде може да се случи природна катастрофа и да ја процени штетата која може да се очекува од неа.
Според инженерите, ова е прв софтвер од овој вид во светот и би можел да помогне во минимизирање на штетата и жртвите од природни катастрофи во иднина. Софтверот може да понуди мерки за одбегнување на најлошото сценарио во случај на природна катастрофа.
Во кратко видео, инженерите визуелно ја претставуваат алатката која го илустрирала патот по кој се движел отпадот по колапс на рудник во САД.
Извор:
Interesting engineering
Насловна фотографија: Pixabay