На прашањето „Кој телефон би требало да го купам?“ одговорот најчесто е тесно поврзан со два фактора: големина на
екранот и расположлив буџет. Кого и да прашате, прво ќе ви спомене барем еден од овие два детали. Тие што се малку позагрижени ќе ја продолжат расправата во врска со резолуцијата и видот на екранот.
Прашањето кое меѓу корисниците на мобилните телефони веќе долго време се поставува е дали е подобар LCD или AMOLED екран. Битката конечно се доведува до крајот, со оглед на тоа што „Самсунг“ со години го форсира AMOLED, „Нексус“, односно „Пиксел“ веќе некое време размислува дали ќе ја користи таа технологија, додека „Ел-џи“ и „Епл“ конечно подлегнаа на притисокот.
Меѓутоа, дали тоа значи дека на LCD му дојде крајот? Тешко, со оглед на тоа дека постојат одлични екрани (како оној што го користи „ајфонот“) кои се светли, читливи и многу шарени. Постои мит дека екраните AMOLED имаат презаситени бои, но тоа сè може да се реши со мала игра со поставките.
Супер AMOLED уредите на „Самсунг“ можат да функционираат во бејзик (основен) режим, но мал број луѓе приговараат за неговата прецизност и се одлучуваат за пошарени и поконтрасни режими.
Друг конкурент е Quantum dot што „Сони“ го користи веќе со години и кој „Самсунг“ го користи кај своите телевизори, што е многу интересно со оглед на тоа што „Самсунг“ неофицијално е прогласен за крал на сите екрани. Quantum dot екраните се посветли од AMOLED, имаат подобар опсег на бои и трошат речиси иста количина струја.
Во колекцијата екрани може да се вброи и e-Ink, но таа технологија до денес не ја достигнала конкуренцијата. Иднината, можеби е MicroLED, но денес приказната е сосема друга.
Токму поради тоа, како последна опција постои „Не ми е гајле, сè додека квалитетот на екранот е солиден“.