X
 29.08.2024 Живот

На 115 години ја открива тајната на долгиот живот: „Не се расправам со никого“

Жена која се смета дека е најстарата во Европа го прослави својот 115. роденден во Лајтвотер, Велика Британија.

Етел Меј Катерхам го поминала роденденот со семејството и пријателите во дом за стари лица.

Таа е родена на 21 август 1909 година во Шиптон Белингер, Хемпшир, и пораснала во блискиот Тидворт, Вилтшир. Била второто најмладо од осумте деца, а една од нејзините сестри, Гледис Бабилас, која е родена во 1897 година, ја доживеала 104. година.

На 18-годишна возраст Етел работела како дадилка во воено семејство во Индија и патувала сама со брод. Кога се вратила во Велика Британија во 1931 година, на вечера го запознала нејзиниот иден сопруг Норман Катерхам. со кого се венчала во катедралата во Солсбери во 1933 година. Норман подоцна станал потполковник во Кралската армија и живееле во Харнам, во близина на Солсбери.

Тајната на долговечноста

За време на престојот во Хонгконг, Етел основала градинка каде што предавала англиски јазик, вештини и игри. Потоа, додека живееле во Гибралтар, парот го основал своето семејство и се вратил во Велика Британија за нивните две ќерки да пораснат таму.



Етел, која не престанала да вози до нејзината 97 година и ја преживеа ковид-пандемијата во 2020 година, вели дека нејзината тајна на долговечноста е никогаш да не се расправа со никого, да слуша и да го прави она што го сака.

Роденденската забава се одржала во домот за стари лица „Холмарк лејквју“ во Лајтвотер со балони, торта и забава, на која присуствувале и градоначалниката Сари Хит и советничката Сарби Канг.

Менаџерите на домот преуредиле дел од градината во чест на Етел.

- Етел живееше неверојатен живот и голема чест ни е да го споделиме овој важен ден со неа. За да го одбележи нејзиниот посебен момент, нашиот тим преуреди дел од градината и тој дел го преименува во „Градина на Етел“ затоа што Етел најмногу ужива да седи на сонце и да ги слуша птиците - изјави директорот на домот.

Извор: Net.hr
Фото: Facebook/Hallmark Luxury Care Homes
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот