X
 05.10.2019 Живот

Еднонеделен одмор од „Фејсбук“ може да ви ја намали депресијата

Минувањето време без „Фејсбук“ го подобрува расположението на луѓето и им помага да прават поздрави и попозитивни животни избори.

Резултатите се нијансирани колку што се и интригирачки. Пауза од „Фејсбук“, според новинарската лабораторија „Ниман“, ги тера испитаниците да се исклучат од циклусот на вести, иако тоа веројатно е добро за отфрлање на чувствата на мизерија. По само еднонеделна пауза од „Фејсбук“ тие генерално се чувствувале подобро, но изненадувачко е тоа што тие и биле возбудени за враќањето на социјалната мрежа.

По еднонеделен одмор од „Фејсбук“ учесниците во истражување исто така имале чувство дека платформата е за 20 отсто повредна, во финансиска смисла, за разлика од оние што продолжиле да ја користат, покажува испитување спроведено меѓу студенти од Земјоделско-машинскиот универзитет во Тексас.

Ова е изненадувачка промена на мислењата, со оглед на тоа колку очигледни биле подобрувањата на нивното расположение и одлуките во текот на таа недела. Но, истражувачите имаат објаснување: тие велат дека позитивните чувства за „Фејсбук“ и желбата за враќање потсетуваат на однесувањето на луѓето со зависности кога минуваат низ повлекување.

Студентите што привремено биле исклучени од социјалната мрежа обично не правеле напори за замена на вестите што ги гледале на нивните почетни страници со други.

Ова се добри вести за „Фејсбук“, кој со години се бори да се претстави како извор на информации со репутација, а истовремено е и вознемирувачки знак за медиумите, кои бараат начин да се ослободат од зависноста од алгоритмите на „Фејсбук“.


Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот