Египет планира да ги оданочува жителите што заработуваат над 32.000 долари годишно преку социјалните мрежи. Властите изјавиле дека секој што заработува треба да биде соодветно оданочен без разлика на областа во која работи.
Оние што ќе го затајат овој данок може да добијат казна затвор до 5 години. Властите сè уште не ја објавиле висината на данокот што ќе го плаќаат инфлуенсерите.
Жителите на Египет се поделени за новата мерка. Во меѓувреме, даночните власти во Египет веќе стапиле во контакт со „Фејсбук“ и „Јутјуб“ за да добијат информации за блогерите и инфлуенсерите на социјалните мрежи од земјата.
Во последните месеци Египет осудил повеќе жени за разврат на социјалните мрежи. Според закон од 2018 г., профилите на социјалните мрежи и блоговите со над 5.000 следбеници се сметаат за медиумски канали и се третираат како такви во случај на објавување лажни вести или доколку го прекршуваат законот на друг начин.
Според „Фридом хаус“, Египет е осма најлоша земја во светот кога станува збор за интернет-слободи.
Извор:
Middle East Monitor
Фото: Pixabay