X
 12.04.2024 Технологија

„Инстаграм“ воведува мерки против дигиталното насилство сексторзија

Во време кога социјалните мрежи станаа прозорец кон светот, но и место каде што се кријат многу опасности, се појави нов предизвик наречен сексторзија (англ. sextortion).

Овој збор ја опишува заканата од објавување интимни фотографии на личност без нејзина дозвола, често со барање пари или дополнителни слики. „Инстаграм“, една од најпопуларните платформи меѓу корисниците во светот, одлучи да застане на патот на овој вид дигитално насилство, најавувајќи тестирање на серија алатки наменети за борба против овој проблем.

Следните недели ќе донесат промени кои вклучуваат автоматско замаглување на фотографии со експлицитна содржина во приватните пораки, со посебен акцент на заштитата на корисниците под 18 години.

Исто така, „Инстаграм“ планира да тестира известувања кои ќе ги насочат потенцијалните жртви на места каде што можат да добијат поддршка и совети како да се справат со такви ситуации.

Нема да бидат поштедени ниту оние што ќе се обидат да извршат изнуда. „Инстаграм“ воведува мерки кои ќе им ја отежнат интеракцијата со другите корисници, вклучително и криењето на нивните пораки упатени до малолетници.

Овие иницијативи доаѓаат бидејќи „Вацап“, уште една популарна апликација за пораки, ја намалува старосната граница за своите корисници во Европа од 16 на 13 години.

На тој начин „Инстаграм“ испраќа јасна порака дека платформата е посветена на безбедна и здрава средина за сите нејзини корисници.

Со новите алатки за борба против „изнудувањето“, оваа социјална мрежа се надева дека ќе го направи дигиталниот свет побезбедно место, особено за помладата популација која е најмногу изложена на ризиците од онлајн интеракцијата.

Извор: 24sedam.rs
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија