X
 15.11.2018 Економија

Компанијата за која никогаш не сте слушнале, а прави обрт од 210 милијарди дневно, се сели од Лондон во Амстердам

По излегувањето на Велика Британија од ЕУ, улогата на Лондон како финансиски центар е доведена во прашање во изминативе две години, а ова е првпат еден значаен пазар да ја менува својата локација.

Најголемата европска берза за тргување со краткорочни финансиски инструменти ќе се пресели од Лондон во Амстердам за на корисниците на земјите-членки на ЕУ да им гарантира безбедна трговија по излегувањето на Велика Британија од ЕУ, објави компанијата што управува со овој пазар. Според плановите, новата берза во Амстердам би требало да почне да функционира во текот на февруари, неколку недели пред 29 март, кога Велика Британија би требало да ја напушти ЕУ.


eu
Фото: Profimedia


На споменатата берза најголемите европски банки и институции дневно тргуваат со финансиски инструменти деноминирани во евра во вредност повисока од 210 милијарди евра, а со самиот пазар управува компанијата „Брокер Тец“. Оваа компанија е дел од групата НЕКС, која овие дена при трансакција вредна 5,5 милијарди долари ја презеде компанија „СМЕ груп“, под чија капа се наоѓаат многу големи светски берзи кои само лани забележаа дури 4 милијарди долари профит.

Досегашната реакција на компанијата што во Лондон управува со различни финансиски и слични размени главно е сведена на тоа некаде на европскиот континент да отворат експозитура во пресрет на конечните и конкретни вести за тоа какви ќе бидат односите помеѓу ЕУ и Велика Британија. Како можни дестинации за дел од бизнисот од Лондон се споменуваат Франкфурт, Париз и Амстердам. Ова е првпат некоја компанија да објави преселување од берзата на која во Лондон секој ден се тргува со огромни количини хартии од вредност.

Компаниите што управуваат со берзи досега беа наклонети кон преселување бидејќи делењето на пазарот значи и пад на ликвидноста, а за успехот на тргувањето еден од најважните фактори е високата ликвидност. Од „Брокер Тец“ објаснуваат дека тргувањето со финансиски инструменти деноминирани во фунти, како британските обврзници, ќе остане во Лондон.

Лондон до својата позиција како глобален финансиски центар дојде во период од неколку векови. Со лесен пристап до најголемите банки и финансиски компании, што се сѐ поприсутни во Лондон, на банкарите градот им обезбедува добро позната регулатива и познато опкружување за бизнис.

Исто така, стотици или илјадници банкари во Лондон нема наеднаш да останат без работа. Но, постепеното преселување на дел од бизнисите во финансиската индустрија од Велика Британија на европскиот континент е реална ситуација што недостигот на јасен договор меѓу ЕУ и Британија може само да го потенцира.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија