Напредокот на индустријализацијата доведе до загадување на многу места во светот. Како резултат на тоа, квалитетот на воздухот е многу низок во некои места. Индустриските процеси, сообраќајот, централите за производство на енергија и палењето на шумите се некои од факторите што го загадуваат воздухот.
Според истражување спроведено од швајцарската агенција за мерење на квалитетот на воздухот „
Ај-кју ер“, земјите од регионот се наоѓаат на високи позиции на листата со земји со најлош квалитет на воздухот во 2021 година.
На врвот на листата се наоѓа Бангладеш, а следуваат Чад, Пакистан, Таџикистан и Индија.
Од регионот, Црна Гора се наоѓа на највисоко место - 16. Босна и Херцеговина се наоѓа на 28. место, Србија на 33., а Македонија на 34. место, веднаш пред Хрватска. Подолу на листата, Грција се наоѓа на 54. место, Бугарија на 60., Косово на 69., Словенија на 77., а Албанија на 79. место.
Листата вклучува 117 држави, а последните позиции ги заземаат Нова Каледонија, Американски Девствени Острови и Порторико.
Извори:
Studentski |
IQ Air
Насловна фотографија: Pixabay