X
 29.10.2018 Живот

Што се случува со работите што ги забораваме на аеродром?

Малку е познат фактот дека за разлика од багажот, авиокомпанијата не одговара за рачниот багаж.

Системот за враќање на изгубените предмети зависи од компанија до компанија, но главно треба да пријавите сѐ што сте изгубиле. Доколку компанијата го пронајде предметот, ќе мора да го докажете вашиот идентитет со лична карта или авионски билет.

Некои авиокомпании дозволуваат самите да го побарате изгубениот предмет во нивната база. На „Хитроу“ и на уште неколку британски аеродроми изгубените работи во сите авиони одат во заедничка база, па така патниците можат да ги пронајдат на ОВАА веб-страница.

Сепак, имајте на ум дека и за враќањето на изгубениот предмет ќе мора да платите околу 20 евра такса.

Доколку никој не се јави во наредните 90 дена, предметите претежно одат на рециклирање, се донираат во хуманитарни организации, се уништуваат или одат на аукција.

Покрај тоа, во САД постои огромен магацин каде што се продаваат работи на патниците кои изгубиле цели куфери и никогаш не се јавиле да ги побараат.

Еве што патниците најчесто оставаат зад себе во авионот:

1. Ајпад
2. Мобилен телефон
3. Перничиња за спиење
4. Облека
5. Очила за сонце
6. Дигитални книги
7. Камера
8. Шишиња со вода
9. Пасоши
10. Детски играчки
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот