X
 20.03.2023 Живот

Носач на багаж го остварил својот долгогодишен сон и станал пилот

Не постои линеарен пат до остварувањето на професионалните соништа. Иако можеби мислиме дека природната прогресија на кариерата на една личност е да оди на училиште за да стекне специфични способности, да аплицира за работа на тоа поле и да ја добие работата, кај некои луѓе работите не одат баш така.

Одличен пример за ова е приказната на Џастин Мутавасим. Уште на 6-годишна возраст Џастин обожавал авиони. Кога патувал со авион, пилотите од компанијата „Делта“, за време на неговиот прв лет, го поканиле во пилотската кабина и тој веднаш знаел дека сака да биде пилот кога ќе порасне.

За жал, кога Џастин бил во средно, професорот кој бил член на воздухопловните сили на САД му дал лоши информации, велејќи му дека за да биде пилот, видот мора да му биде совршен.

- Кога го слушнав тоа, станав очаен затоа што носев очила - вели Џастин.

Чувствувајќи се поразен, тој одлучил да продолжи на сосема друг кариерен пат. Иако уживал во новата кариера, сепак таа не го исполнувала целосно, па одлучил да го напушти работното место и да се вработи како носач на багажи за „Делта ерлајнс“. На тој начин бил опкружен со неговите сакани авиони.

Неговата страст и напорна работа придонеле да стане инструктор. Учејќи за авионите секој ден, му се зголемила желбата да стане пилот, но не знаел како да продолжи до моментот кога го запознал АЈвор Мартин, кој тогаш работел како пилот за „Вирџин Америка“. Тие почнале да разговараат, а Џастин на крајот му го кажал неговиот долгогодишен сон. Потоа направиле план, а Мартин станал негов ментор. Му помогнал со апликацијата и му кажал кои лиценци му се потребни. Џастин успешно се вработил како комерцијален пилот во 2018 година. Неговиот сон целосно се остварил кога „Делта ерлајнс“ ги промени условите за вработување пилоти, отфрлувајќи го условот за факултетска диплома. Џастин конечно можел да аплицира за позиција во компанијата. Така, тој се вработил во „Делта ерлајнс“ во мај 2022 година, а до октомври ја завршил обуката и станал пилот за „Делта“.



Извор: Mymodernmet.com
Фото:
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот