X
 29.10.2019 Спорт

Македонскиот каратист Бојан Костов се враќа со бронзен медал од СП во Чиле

Македонскиот каратист Бојан Костов го освои третото место и бронзениот медал на 11. Светско карате-првенство за кадети, јуниори и постари јуниори У21, кое се одржа од 23 до 27 октомври во Чиле.

Костов во категоријaта 52 кг повторно до медал дојде по победите над натпреварувачи од Романија, Србија, Мароко, Индонезија и Русија. Единствено во полуфиналето беше 0-0, но по судиското изјаснување подобар беше противникот од Јордан, кој освои златен медал.

Висок пласман оствари и нашиот најдобар млад натпреварувач во кати Александар Неделковски, кој се бореше за медал и заврши како 5-ти.

Во конкуренција на помлади сениори (У21) Ангела Мојсовска во категоријата 68 кг. исто така го освои петтото место.

Вероника Костовска победи во првите три рунди, по што загуби од Русинката Ана Родина со 7:1, која не успеа да влезе во финалето, а со тоа Костовска не доби шанса да учествува во репасаж во борба за медалите.

Другите македонски каратисти имаа симболичен настап.

Извор: МИА

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт