X
 29.11.2017 Култура

Мудростите на кралот Соломон: „Дури и будалите ги сметаат за мудри кога молчат!“

Човекот чие има стана синоним за човечка мудрост – легендарниот крал Соломон. Страницата „Брајт сајд“ издвои неколку негови мудри мисли и изреки, кои и по толку време сè уште се актуелни:

1.    За сè постои причина и за секоја цел под небото постои време. Време за раѓање и време за умирање, време за рушење и време за градење; време да се исфрлат камењата и време да се соберат. Време да се молчи и време да се зборува.

2.    Дури и будалите ги сметаат за мудри кога молчат.

3.    Подобро е да имате пријател отколку да бидете сами. Ако паднете, вашиот пријател ќе може да ви помогне. Но ако паднете без пријател во близина, тогаш навистина сте во неволја.

4.    Поважно е да се биде отпорен на лутење отколку да се биде моќен; поважно е да се управува со сопствениот дух отколку да се поседува целиот град.

5.    Златен прстен на свинска рилка е исто што и убава жена без дискреција.

6.    Прво се учи покорноста, потоа се искусува славата.

7.    Мудроста е најважна работа, затоа бидете мудри, и сè што доаѓа прифаќајте го со разбирање.

8.    Гневот е суров, лутењето е огромно, но кој може да ја поднесе зависта?

9.    Омразата предизвикува кавга, но љубовта ги покрива сите престапи.

10.    Гордоста оди пред уништувањето, а горделивиот дух пред пропаѓањето.

11.    Подобро е да не се ветува отколку да се вети, а да не се исполни.

12.    Човек кој му ласка на ближниот отвора пат за своите чекори.

13.    И така видов дека нема ништо подобро за човека отколку да ја сака својата работа, бидејќи има многу работа. Така ќе може и самиот да види што ќе остане зад него...

14.    За оние што се поврзани со животот и живите, има надеж.
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура