X
 25.05.2023 Живот

Тина Тарнер: „Еве што сакам во рајот - зборовите да станат ноти, а разговорите да станат симфонии“

Тина Тарнер почина на 83-годишна возраст. Оваа пејачка создаде многу култни песни, изведени со нејзиниот препознатлив моќен вокал.

Кариерата на пејачката, која почнала во 1957 година, изобилуваше со хитови кои се пеат и денес, а своевремено ги освоија топ-листите на најслушаните песни. Пејачката освои и голем број награди „Греми“ и голем дел од нејзините песни беа наречени химни на генерациите што ги слушаа.

Во продолжение се моќни цитати од Тина Тарнер за животот, љубовта, и музиката.

- Понекогаш треба да оставиш сè и да се исчистиш себеси. Ако не си среќен од нешто, ослободи се од него. Затоа што кога ќе откриеш дека си слободен, твојата вистинска креативност, твоето вистинско јас излегува на виделина.

- Еве што сакам во рајот: зборовите да станат ноти, а разговорите да станат симфонии.

- Физичката сила кај жената - тоа сум јас.

- Не сакам да се задржувам на минатото.

- Доаѓа момент кога е недостоинствено да се биде рокенрол-ѕвезда.

- Верувам дека ако едноставно станете и продолжите, животот ќе ви се отвори.

- Не сакам да се влечам на сцената, од година на година, додека некој друг не ми каже дека е време да си одам. Постојат одредени родендени кои ве тераат да си го реевалуирате животот.

- Сакам да им кажам на луѓето како да живеат духовно. Откако ќе ги купите сите куќи и алишта, ќе сакате нешто поголемо.

- Иднината им припаѓа на оние што веруваат во убавината на сопствените соништа.

- Во секој момент, секогаш имаме избор, дури и ако чувствуваме дека немаме. Понекогаш тој избор може едноставно да биде позитивната мисла.

- Мора да се сакаш и грижиш за себе бидејќи тогаш доаѓа најдоброто.

Извор: Graciousquotes.com
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот