X
 29.11.2019 Образование

Ги прашавме студентите, зошто баш МБУ?

Од кого подобро да се слушне искуството за студентските денови, студентскиот живот и обврските ако не од самите студенти.

Меѓународниот балкански универзитет (МБУ) веќе со полна пареа работи во овој зимски семестар, прв за академската 2019/2020. Студентите во овој период ги полагаат првите испити, пред кратката, но долго очекувана празнична пауза.

Разговаравме со Николина Павловска, студент од прва година на МБУ, стипендист на Факултетот за уметност и дизајн, подетално, за нејзиниот избор, зошто баш МБУ и како изгледа студирањето.

- Меѓународниот балкански универзитет беше мојот избор бидејќи отсекогаш сум сакала да студирам во место каде што можам да се чувствувам прифатено, можам да се запознаам со луѓе од различни култури, а истовремено можам да добијам квалитетно и меѓународно признато образование кое на друго место не би го добила. Голем удел во мојот избор на универзитет беше фактот што МБУ нуди одлични услови за студирање, особено со новиот, модерен и опремен кампус. Секако, за одличните услови придонесува и однесувањето на професорите и несебичното внимание што го вложуваат во секој студент - вели Николина.



Николина, исто така, ги истакнува и квалитетот на наставата и предностите и можностите што ги имаат студентите „покрај предавањата, кои се на англиски јазик и се доста интерактивни и интересни, се држат и конференции, изложби и предавања од стручни, меѓународно познати и признати експерти од најразлични сфери од општествениот живот и образование и други настани каде што еден студент може да научи нешто што не би очекувал да го научи токму на факултет. Дополнително, нешто што исклучително ми се допаѓа е фактот што студентите можат да формираат клубови каде што секој може да биде дел од нив, а преку кои се промовира студентскиот активизам и креативност.”

Новиот кампус на МБУ беше пуштен во употреба во септември 2018 година и удобно сместува над 2.000 студенти, кои се распределени на 7. факултети што функционираат при Универзитетот. Студентите доаѓаат од 15-ина земји, додека голем број студенти го поминуваат семестарот во странство како дел од програмите за студентска мобилност Еразмус+ и Мевлана.

(Комерцијална објава)
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование