X
 26.08.2018 Живот

Ако работите подолго, а сте здрави - и ќе живеете подолго

Златните години на одењето под пензија започнуваат сѐ подоцна. Кон средината на 80-тите години, во САД работеле 25 отсто од мажите на возраст од 65 до 69 години, а денес работат околу 40 отсто. Ситуацијата е иста и со помладите мажи. Во 1994 година работеле 53 отсто од мажите на возраст помеѓу 60 и 64 години, а денес работат 63 отсто.

Истата е ситуацијата и со жените во Америка, а слично се случува и во Јапонија и во многу делови од Европа. Работниците кои се повеќе склони кон заболување, се склони и кон порано заминување во пензија, но исто така многу луѓе денес го припишуваат подолгото одржување на доброто здравје со подолг работен век.

Во земјите од ОЕЦД, мажите на 55 до 64 години во вкупната популација со факултетско образование, се зголемиле во последните три децении, а луѓето кои се подобро образовани имаат  тенденција да работат подолго. Слично на тоа, фактот дека модерните професии бараат помалафизичка работа од традиционалните професии, на сите луѓе им овозможува да работат подолго или да бараат работа што одговара на нивната возраст.

penzija
Фото: Pixsell


Но, тоа не е главен двигател на сѐ подолгата работа. Главна улога играат пензионерските реформи и другите институционални промени. Во последните децении многу земји и компании го променија начинот на финансирање на пензиите. Околу половина Американци кои работат во приватниот сектор, учествуваат во пензиски осигурувања што ги спонзорира работодавецот.

Во 80-тите години, третина од компаниите на својот пензиониран вработен му исплатувале однапред одредена паушална квота, во зависност од возраста, стажот и претходните приходи. Но сега, сѐ почесто се применува моделот по кој работниците уплатуваат процент од своите плати во пензискиот фонд. Ваквите пензии воглавно се пониски од оние од претходниот модел, па корисниците на пензија не можат да си дозволат рано повлекување од работа.

Со подолг стаж тие ја зголемуваат квотата на парите во нивниот фонд. Истражувачите сметаат дека ширењето на најновиот модел доведе во росек петмесечно зголемување на средната возраст за пензија. Намалувањето на социјалните и инвалидските пензии имало влијание. Од 90-тите, Италија, Германија, Јапонија и другите земји ја зголемија минималната возраст во која граѓаните можат да прифатат пензија. Така, постарите работници станаа сѐ побројни бидејќи го одложуваат одењето во пензија помеѓу една и две години.

Последицата е и тоа што се зголеми уделот на жени меѓу работниците. Во однос на 1995 година, денес во 12 најразвиени земји, работат 44 отсто повеќе жени. И тие денес во пензија во просек одат подоцна. Длабоки последици може да имаат и тоа што сопружниците имаат обичај да одат во пензија истовремено, па се координираат.

Ова всушност е добра вест. Порано често се тврдело дека постарите работници го загрозуваат економскиот просперитет така што не оставаат работни места за помладите работници. Истиот аргумент некогаш се користел за жените да се исклучат од работа. Всушност, економиите на многу земји со постара работна сила расте побрзо. И постарите работници ги трошат своите плати за купување на добра и услуги произведени од другите работници.

Со повеќе работници, без оглед на возраста, растат и даночните приходи и пензиските придонеси.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот