Повеќето луѓе веруваат дека луѓето во поразвиените и побогати земји работат понапорно. Сепак, работите не се толку едноставни.
Всушност, често е спротивното. На глобално ниво, правилото е дека луѓето работат понапорно во посиромашните земји отколку во побогатите. Згора на тоа, трендот е дека како што земјата станува побогата - луѓето поминуваат помалку време на работа. Освен тоа, имаат подобри работнички права, повеќе денови за годишен одмор и слично. Просечен работник во САД во 1950 година работел околу 2.000 часа годишно. Во повоена Европа се работело повеќе: од 2.100 часа во Белгија до над 2.400 часа во Германија.
Пред Втората светска војна ситуацијата била обратна и работниците во САД работеле повеќе од работниците од европските земји, но повоената реконструкција на опустошениот континент го променила трендот.
Историска занимливост е тоа што работниците во поранешниот СССР работеле повеќе неделно и годишно отколку во САД и Западна Европа. Јазот се намалувал и работниците во СССР исто така работеле сè помалку и помалку, но во средината на 80-тите години работниците на Запад исто така работеле 100 или повеќе часа годишно помалку отколку во СССР.
Но, Европа закрепна многу брзо и денес Европејците работат помалку од работниците во САД, но вкупниот број на годишни работни часови е намален на двете страни на Атлантикот. Денес, просечниот американски работник на работа поминува приближно 1.750 часа годишно, или 250 часа помалку од пред 70 години.
Во ЕУ се работи околу 1.350 часа годишно, што е случај во Германија, до 2.060 часа, како во Полска и Грција. Но, се разбира, секое правило има свои исклучоци. На пример, Кина е се понапредна, но тоа не значи дека работниците таму работат помалку.
Просечниот работник во Кина во 1979 година работел 1.979 часа годишно, а денес работи 2.174 часа. Стандардот драстично скокна таму во последниве години. Меѓутоа, Кинезите сега работат 200 часа повеќе отколку пред 40 години.
Сингапурците се меѓу најбогатите луѓе во светот, па се претпоставува дека треба да работат релативно малку, но тоа не е така. Тие работат исто како сиромашните луѓе во Бангладеш.
Како е во регионот?
И покрај шегите за мрзливоста, Црногорците работат најмногу, барем кога се во прашање државите од поранешна Југославија. Работниците во Црна Гора работат во просек по 44,3 часа неделно, а потоа следуваат работниците од Србија со 42,3 часа. Се наведува дека црногорските работници работат речиси пет часа повеќе неделно отколку во Словенија (39,5 часа) и во Хрватска (39,6 часа).
Доста се работи и во Грција (41,8 часа), Македонија (40,3 часа), Бугарија (40,9 часа) и Романија (39,8 часа). Податоците за БиХ не се достапни.
Извор:
Biznis.telegraf.rs
Фото: Freepik