X
 29.11.2022 Живот

Како Јосип Броз го добил прекарот Тито?

Кружеле различни приказни за потеклото на Тито. Некои зборувале дека е Евреин, некои дека е Унгарец, а постојат и верзии во кои е претставен како Германец. Сомнежите биле подгреани од документот на американската Агенција за национална безбедност во кој пишувало дека најверојатно е Русин или Полјак, поради неговиот акцент. Сепак, малку е познато како Јосип Броз го добил прекарот Тито.

Југословенскиот комунистички револуционер, политичар и доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија, Јосип Броз Тито, е роден на 7 мај 1892 година во Кумровец, каде што завршил четиригодишно средно училиште. Тој бил седмо од петнаесетте деца во семејството.

Во партиските документи Броз, пред да оди в затвор, ги користел имињата Георгијевиќ и Загорац. Како што пишува во книгата „Тито“, напишана од Иво и Славко Голдштајн, „псевдонимите беа задолжителни поради заговорот и беше воспоставено правило дека водечките кадри на илегалците имаат најмалку два псевдоними. Во записниците од шест седници на ЦК помеѓу 10 и 23 август 1934 година во рубриката „присутен“ е внесено името Тито.

Сосема е неоснована приказната дека Тито го добил прекарот затоа што на сите им кажувал што да прават (Ти-то, ти-то).

Броз подоцна во Словенија бил Руди, а во Москва и во општа кореспонденција со Коминтерната бил Валтер, а во Париз бил Ото. Низ Југославија се движел како Славко Бабиќ, Иван Костањшек и Томанек, а патувал со пасоши како Англичанецот Карлсон (или Швеѓанецот Карлсон) и Гркот Спиридон Мекас. Некаде го викале Тимо, Виктор, Ивица, Новак. Едноставно, уживал во промената на идентитетот.

пасош
Лажниот канадски пасош на Тито на името Спиридон Мекас/Фото: Wikipedia

Иако своите дела ги потпишувал под псевдонимите А. Тито, Драгорим, Ф. Валтер, Спиридон, В. Валтер, В. Тито, со името Тито или иницијалите Т.Т. ги потпишал речиси сите свои натписи во централниот партиски печат и писма до организации и блиски соработници.

- Така, со почетокот на војната, тоа име станува сè попознато и авторитативно меѓу прилично широк круг соработници на КПЈ, иако поради конспиративниот начин на работа ретко кој лично се запознал со Тито, а уште помалку кој не го знаел идентитетот зад тоа име. Затоа, природно било врховниот командант на новоформираниот штаб на партизанските одреди на Југославија да се потпише како Тито во летото 1941 година - наведуваат таткото и синот Голдштајн во најобемната, детална и сеопфатна биографија на Тито.

Извор: b92.net
Фото: Wikipedia
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот