Инстаграм има целосно нова апликација за видео - ИГТВ, а оваа функција им овозможува на корисниците да објавуваат снимки што траат и по еден час.
Апликацијата им дава можност на корисниците да направат канал, сличен на оние на „Јутјуб“, на кој ќе имаат колекција од подолги снимки. Секако, сето тоа во рамките на апликацијата „Инстаграм“.
Корисниците ќе можат сами да одлучат која содржина да ја споделуваат преку новата функција, а засега не е познато дали снимките ќе содржат реклами.
Видеоснимките на ИГТВ ќе можат да се видат и во најновите верзии на „Инстаграм“, иако ќе биде потребно одредено време пред овој апдејт да стаса до
сите.