Замислете го животот во град каде што може да најдете сè што ви е потребно со пешачење од најмногу 10 минути. Таканаречениот „Проект Х1“ е населба што ќе се гради во близина на Сеул, а ќе го нуди токму тоа.
Овој мал град ќе биде без автомобили бидејќи нема да бидат потребни, иако во градот ќе има голема подземна гаража за оние што сакаат да имаат автомобил. Минијатурниот метрополис ќе има широки улици, паркови, хотел, кино, библиотека и уште многу други работи кои се потребни за денешниот живот. Во градот ќе има градинка, трговски центар, спортски сали и сали за настани.
Секој стан во овој град ќе има балкон, а жителите ќе бидат охрабрени да садат растенија на балконите. Зградите ќе имаат заеднички простор, како заедничка тераса на покривот.
Целиот проект го води холандската архитектонска фирма „Унстудио“, а градот ќе се гради на поранешно индустриско место во близина на Сеул. Новиот град ќе биде поврзан со главниот град на Јужна Кореја со метро.
Извор:
Dnevnik
Фото: Instagram (Printscreen)