„Нетфликс“ почнува голема операција против споделувањето на лозинките. Компанијата ќе воведе промени за кои се надева дека ќе го запре споделувањето на еден профил меѓу повеќе корисници.
Долго време „Нетфликс“ имаше лежерен пристап кон луѓето кои ги споделуваат лозинките и профилите. Иако официјално е забрането според правилата на оваа стриминг-платформа, компанијата генерално дозволуваше да се користат профили во различни домаќинства и на различни локации.
Сепак, првпат по 10 години, во последните месеци компанијата забележа пад на приходите и намалување на бројот на претплатници. Еден одговор за кризата е обидот да им се отежне на претплатниците да споделуваат профили.
Сега „Нетфликс“ тестира некои од новите ограничувања во Америка, а тие вклучуваат функција која ги проверува луѓето за кои се сомнева дека споделуваат профили и им наплаќа дополнителни три долари за споделување лозинки.
Исто така, компанијата на сопственикот му дава код што корисниците мора да го внесат за да добијат пристап. Овој код се менува секој месец, што им отежнува на другите луѓе да го користат нивниот профил.
Плаќање по преглед на содржина?
Сè уште е нејасно што точно ќе направи „Нетфликс“ за да открие кој споделува профили. Во моментов собира различни информации како што се локациите на уредите и активноста на профилот, кои најверојатно ќе може да ги користи за да ги забележи споделените профили.
Компанијата, исто така, разгледа и други опции, како што е содржината со плаќање по преглед, за да ги натера луѓето да се плашат да го споделат својот профил поради страв дека другите ќе им предизвикаат дополнителни трошоци.
Извор:
Index.hr
Фото: Freepik