Помеѓу јануари и март „Фејсбук“ отстрани 2,2 милијарди лажни профили, што претставува нов рекорд на компанијата.
Оваа бројка е само малку помала од 2,38 милијарди вистински активни корисници на „Фејсбук“. За споредба, „Фејсбук“ во претходниот квартал избришал 1,2 милијарда лажни профили и 694 милиони лажни профили помеѓу октомври и ноември 2017 година.
- Сфаќањето на присуството на штетната содржина придонесе владите и компаниите да дизајнираат подобри системи кои ќе се справат со тоа. Верувам дека секој поголем интернет-сервис треба да го направи ова - изјави извршниот директор на „Фејсбук“, Марк Закерберг.
Фото: Shutterstock
Како што велат од „Фејсбук“, 25 од секои 10.000 содржини, како што е на пример гледање видео или проверка на фотографија, биле работи што ги прекршиле политиките за насилство. Помеѓу 11 и 14 од секои 10.000 содржини ги прекршиле политиките за голотија и сексуална активност.
Исто така, „Фејсбук“ првпат ги сподели напорите за борба против нелегална продажба на огнено оружје и дрога. Од компанијата велат дека го зголемиле проактивното детектирање на дрога и огнено оружје. Во текот на првиот квартал системите пронашле и обележале 83,3 отсто кршење на политиката за содржина за огнено оружје.
Политиките на „Фејсбук“ се дека корисниците, производителите или трговците на мало не смеат да купуваат или продаваат дрога или марихуана на платформата. Исто така, правилата не им дозволуваат на корисниците да купуваат, продаваат или да подаруваат огнено оружје преку „Фејсбук“.
Говорот на омраза е вистински предизвик за „
Фејсбук“. Автоматизираните системи на компанијата тешко идентификуваат и отстрануваат говор на омраза, но технологијата се подобрува. Процентот на говор на омраза се зголемил на 65,4 отсто во првиот квартал, наспроти 51,5 отсто во третиот квартал од 2018 година.
- Вештачката интелигенција сè уште не може добро да го разбере контекстот. Контекстот е клучен при оценувањето на говорот на омраза - велат од компанијата.