X
 30.01.2017 Технологија

Внатрешно и надворешно чистење на компјутерот

Чистењето на компјутерот е тешка задача што можеби сте ја заобиколувале со години, но можеби е време да одредите еден викенд за неа. Ова значи дека ќе чистите меѓу типките, ќе ги бришите отпечатоците од прстите, како и датотеките и и фајловите што ви се симнувани додека сте правеле нешто на интернет.

За чистење ќе Ви бидат потребни микрофибер крпа, меки крпи за чистење, исопропил алкохол,чепкалки за уши и еден до два часа од Вашето време.

Надворешно чистење

Пред да почнете со било што осигурајте се дека уредот е изклучен целосно. Надворешниот дел може да го исчистите со микрофибер крпа која е малку влажна, но мора да внимавате да не влезе течност никаде.

Екранот прво исчистете го со сува крпа, а потоа со влажна. Може да направите раствор од 50% вински оцет, и 50% вода. Не тријте премногу силно, тоа е сепак осетлива површина во споредба со еден автомобил.

Ако сте од оние кориснице кои јадат додека работат на компјутер, веројатно е дека ќе треба првин да ги извадите остатоците од храна од тастатурата пред било што. Првртете ја тастатурата да ги извадите крупните трошки доколку ги има, а може да употребете и мал фен што ќе Ви помогне да ги тргнете трошките и правот. Потоа земете чиста крпа, изопропил алкохол и чепкалки и започнете да ја бришете правта меѓу копчињата. Внимавајте, кога ќе притискате со чепкалките да не се цеди алкохол во внатрешноста, значи повторно, потребно е да бидат само влажни. Потоа почекајте неколку минути за алкохолот целосно да се исуши.

Внатрешно чистење

Внатрешното чистење на компјутерот е  многу поважно од надворешното. Windows 10 доаѓа со многу претходно инсталирани програми кои никогаш не ги користите, или не ги сакате. Ослободете се од нив. Ослободете се од апликации кои никогаш не би ги користеле. Вклучете Disk Cleanup за да се ослободите од повремените фајлови со што ќе ја подобрите брзината на компјутерот или ќе ослободите меморија.

Редовно бришете ја историјата на пребарувачот, испразнете ја корпата за целосно да се ослободите од непосакуваните подаци. За крај, логиајте се на социјалните мрежи и избришете ги виртуелните пријатели на кои не стмислилсо години, оние кои Ве деградираат и најважно, практикувајте да ја држите оваа внатрешност чиста, за да направите место за нови позитивни луѓе во вашиот живот.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија