X
 14.05.2024 Здравје

Консумирајте ги овие намирници за да го исчистите црниот дроб

Црниот дроб има исклучително важна улога во метаболизмот, а можете да го „исчистите“ со консумирање здрави намирници.

Меѓу нив е и лукот, кој го поттикнува создавањето ензими и на тој начин помага за исфрлање на токсините. Цвеклото содржи флавоноиди и ја подобрува функцијата на црниот дроб. Овие антиоксиданси се одлични за намалување на оксидативното оштетување и воспалението во црниот дроб, како и за зголемување на ензимите за детоксикација.

Зелениот чај содржи антиоксиданс катеин, кој го чисти и црниот дроб. Секако, не можете да погрешите со консумирањето зелен листест зеленчук, во кој влекуваат спанаќот, кељот, блитвата. Тие се полни со хлорофил.

Можете да јадете и ананас бидејќи е полн со витамин Ц. Тој е природен диуретик. Моќни антиоксиданси содржат нането, ѓумбирот и зелката.

Боровинките и брусниците содржат антиоксиданси наречени антоцијани. Тие се поврзани со неколку придобивки за здравјето на црниот дроб. Докажано е дека секојдневното консумирање боровинки и брусница во период од три до четири недели го штити црниот дроб.

Грозјето има неколку корисни растителни соединенија. Веројатно сте слушнале за ресвератрол, кој му помага на црниот дроб така што го намалува воспалението и го штити од оштетување. Се смета дека редовното консумирање го намалува и ризикот од рак.

Извор: klix.ba

Фото: Freepik

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Здравје